Актуелно

И Драчево загрижено за состојбата на кралицата Елизабета

Бакингемската палата денеска објави дека кралицата Елизабета Втора е позитивна на Ковид-19. Нејзиното Височество има симптоми слични на блага настинка, но таа очекува да продолжи со лесни должности во Виндзор во текот на следната недела.

Откако веста ја објавија медиумите, на социјалните мрежи општина Драчево и посака брзо закрепнување на кралицата.

„Општина Драчево и посакува брзо закрепнување на Кралицата Елизабета Втора на Обединетото Кралство и посакува долги години идна соработка со нејзината монархија“, стои во објавата.

Но всушност станува збор за шега, објавена на Твитер, бидејќи не постои општина Драчево. Населбата Драчево е дел од општина Кисела Вода.

На почеток