Македонија

(ФОТО) Излизгани возила, замрзнати патишта: Нов хаос на Стража и Ѓавато со минусните температури и снегот

Неколку возила се излизгани на превојот Стража. Сообраќајот кон Кичево и обратно е во застој. Според првичните информации, неколку автомобили имаат материјална штета. И од фотографиите кои ги доби „Скопје1“ се гледа дека патот е лизгав и со снег.

„Ова е катастрофа. Стоиме во место, патот не е исчистен, снег и мраз има, премногу е лошо“, вели возач за „Скопје1“.

Слична е состојбата и на Ѓавато. И таму, коловозните ленти не се гледаат од снегот. Тешки товарни возила кои доаѓаат од двата правци, не можат да се искачат.

„Внимателно, патот е замрзнат“, вели истотака возач кој патува на овој патен правец.

„ Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка“, велат од АМСМ.

На почеток