Актуелно

Полицајци бркале дилери, ама се заглавиле во лифт, па акцијата пропаднала

Група полицајци од Тузла, кои ја започнале акцијата за апсење на двајца дилери, заглавиле во лифт на станбена зграда, па акцијата пропаднала.

Според информациите потврдени за Klix.ba од повеќе извори, група припадници на Специјалната единица на Полициската управа на кантонот Тузла минатиот петок тргнале во мисија за апсење на две лица осомничени за трговија со дрога.

Осомничените биле во стан на 13 кат од станбена зграда во Тузла, па акцијата пропаднала, бидејќи четворица полицајци се заглавиле во лифт кој според неговата конструкција бил наменет за две лица.

Изворите на порталот наведуваат дека заглавените полицајци потоа побарале помош, а осомничените дилери таквите информации ги искористиле како можност да избегаат, притоа одбивајќи одредена количина дрога што ја имале со себе.

Засега не се знае дали и какви санкции ќе бидат изречени за полицајците кои очигледно несовесно влегле во лифтот, а полициската управа на МВР на кантонот Тузла официјално не се огласи за овој случај, пишува порталот.

На почеток