(ВИДЕО) Зеленски не верува во позитивниот исход од преговорите со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дел од разговорите со белорускиот претеседател. Тој упати порака и до граѓаните, да се борат за својата територија и независност, како и државност.
„Разговорот со Александар Лукашенко беше многу суштински. Не сакам проектили, авиони и хеликоптери кои летаат од Белорусија до Украина. Не сакам војниците од Белорусија да одат во Украина. И тој ме увери во тоа“, објасни Зеленски.
Зеленски не верува во позитивниот исход од преговорите со Русија.
„Но, нека се обидат, за ниту еден граѓанин на Украина да не се сомнева дека јас како претседател не сум се обидел да ја прекинам војната кога сè уште имаше шанса, колку и да е мала“, рече тој во видео-обраќањето.