Упасен млад скопјанец: Не застанал на полициски знак, возел автомобил без регистрации, а имал и пиштол
Од
Објавено на
На 28.02.2022 во 21.35 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службениц од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје. Тој не застанал на даден знак за запирање и со возило „сета алтеа“ без регистарски ознаки, кое го управувал, се обидел да побегне, но набргу бил фатен и кај него бил пронајден пиштол.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветн апријава по член 396 од Кривичниот законик.