Македонија

Јанакиески и Божиноски излегуваат од „Шутка“, Мијалков останува

Утринава, Апелацискиот суд на затворена седница, донесе одлука да се укине мерката притвор за Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски, кои се обвинети во предметот на СЈО – Титаник 1.

За нив двајца е одредена поблага мерка – домашен притвор. Исти решенија, Апелација донесе и за Зорица Арсовска и Ненад Јосифовски кои завршија во притвор за истрагата Империја. Вчера, од Шутка излегоа и бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески. Сашо Мијалков, пак, се уште чека мислење од Специјалното јавно обвинителство.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток