Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не верува повеќе во СЈО, онолку колку што верувал кога се залагал за негово формирање. Спасовски намалената доверба во Катица Јанева вели дека се должи со последните случувања околу ослободувањето од притвор на осомничени во случаи на СЈО како и бегството на Груевски, пишува ТЕЛМА
Спасовски не сакаше да даде повеќе детали како Груевски избегал, но одново повтори дека е несреќен случај и грешка на повеќе институции. Спасовски вината не ја гледа во МВР од кое не било побарано да дејствува.
Спасовски овој одговор го даде на новинарско прашање, на денешниот брифинг со врвот на МВР.