Македонија

Обвинителство: 14 лица не исполнуваат услови за амнестија, за 3 даваме позитивно мислење

Основните јавни обвинителства согласно Законот за амнестија доставија мислење по поднесените барања за амнестија до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по 3 барања.

Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги исполнуваат условите согласно Законот за амнестија е дадено во 14 случаи. Со тоа, од вкупно примени 29 барања за амнестија, доставени од надлежниот суд, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде позитивно мислење по 15 барања за амнестија, а за другите 14 дадено е мислење дека по барањата не се исполнети условите од Законот.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше по 37 барања за амнестија. Денеска по сите е испратено мислење до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во еден случај надлежен обвинител има дадено позитивно мислење за примена на одредбите од Законот за амнестија. За другите 36 лица, мислењето од надлежните јавни обвинители кои постапуваа по предметите е негативно.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток