Свет

На Путин треба да му се суди како нацистите во Нирнберг, вели поранешен британски премиер

Поранешниот британски премиер Гордон Браун изјави дека Владимир Путин треба да се соочи со меѓународен суд за неговите постапки во Украина.

Поранешниот лидер на лабуристите е меѓу 140-те академици, адвокати и политичари кои потпишаа петиција со која бараат правен систем по примерот на нирнбершките судења на нацистичките воени злосторници по Втората светска војна.

Меѓународниот кривичен суд веќе го истражува рускиот водач за наводни воени злосторства, но некои велат дека овластувањата на Меѓународниот кривичен суд се ограничени.

На почеток