Свет

Борисов по ослободувањето од притвор: „Загрижен сум дека следниот пат би можеле да ме убијат“

Полицијата во Бугарија го ослободи лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и уште две лица приведени со него.

Борисов и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, како и Севдалина Арнаудова, која беше задолжена за односи со јавноста во владата на Борисов, беа ослободени по неодамнешното апсење.

Тројцата беа приведени ден претходно во акцијата на Националната полиција на Бугарија, а приведувањето го опишаа како „тешка политичка репресија“.

„Гадно, брутално, не вратија во комунистичката ера. Синоќа вечеравме со децата, а цивили и униформирани луѓе, почнаа да влегуваат. Ја пребараа цела куќа… и ништо, а кога ги потпишав сите записници, рекоа – мораме да ве задржиме“, беа првите зборови на Бојко Борисов по ослободувањето.

„Загрижен сум дека следниот пат би можеле да ме убијат“, додал тој, пренесуваат бугарските медиуми.

Адвокатот на Борисов Менко Менков рече дека не е покренато обвинение, а основите за притвор укажуваат на изнуда, но не наведе кое лице, кога, како и од кои причини е изнудено.

На почеток