Македонија

Борисов е или многу глуп или национализмот толку го заслепил што не знае што зборува, рече Најчевска за барањето оставка од Николоски

Професорката Мирјана Најчевска го искоментира барањето на Бојко Борисов, лидер на ГЕРБ, македонскиот министер Александар Николоски да поднесе оставка.

„Овој е или многу глуп или национализмот толку го заслепил што не знае што зборува. Кој си бре ти да бараш оставка од македонски министер. Оставка од Александар Николовски можам да побарам јас како граѓанин на оваа држава, или моите претставници во македонското собрание, ама не и некој лик од друга држава. Секоја од овие глупости една власт во која има луѓе со два грама мозок и една професионална дипломатија може да ја искористи за настап пред ЕУ и барање ЕУ малку да си поведе сметка за однесувањето на нејзините држави членки.

Оставка од Николовски побара лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешен премиер и лидер на партијата која победи на изборите во јуни, но не успеа да формира влада, поради што Бугарија во октомври оди на нови предвремени избори.

Борисов искажувајќи разбирање дека можеби протоколите на новите македонски претставници не им се јасни, немаше разбирање за изјавата на Николовски.

На почеток