Мицкоски најавува избори, но не и протести, па се правдаше зошто нема да се излезе на улица
Христијан Мицкоски најавува избори, но не и протести. Тој смета дека може да има инфлтрирања кои ќе ги контаминираат, ако вака се изразува незадоволството. Побара и разбирање од јавноста, како и трпение. Убедува дека и тој живее лошо.
„Не би сакале ВМРО-ДПМНЕ да влезе во состојба да му даде вештачко дишење на нашиот политички ривал. Внимателни сме со постапките кои ги превземаме. Сега за сега продолжуваме во рамките на институциите. Но, нормално ќе ја анализираме состојбата. Врз основа на тоа ќе повлекуваме потези. Нашите внатрешни анализи велат дека може да има инфлитрирања, било какви, герила акции, кои ќе ги контаминираат чистите народни изливи на негативно расположение на оваа корумпирана и неспособна и власт и на тој начин ќе се овозможи вештачко дишење на овие од власта. Јас го разбирам секој граѓанин кој е револтиран“, кажа Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додава: @Ве молам за трпение, мораме да бидеме трпеливи, да не ги правиме грешките од минатото. Гледаме изминативе четири години колку не чинат грешките од минатото. Потешко се живее, нема проекти, од први во регионот станавме повторчувачи“.