Свет

Украински пратеник: Мариупол е пекол на земјата

Јарослав Железњак, украински пратеник од Мариупол, ја опиша ситуацијата во неговиот роден град под опсада како „пекол за земјата“, пренесува Би-би-си.

Ситуацијата е навистина очајна. Руските сили целосно го опколија Мариупол и го спречуваат отворањето на хуманитарни коридори за доставување хуманитарна помош во градот.

Во градот има околу 300.000 луѓе. Немаат струја, вода, парно. Има недостиг од храна и медицински материјали, а и онака очајната состојба може да се влоши поради глад и ширење на болести.

Жителите поголемиот дел од времето го поминуваат во засолништа и подруми, а руски гранати постојано паѓаат врз градот, велат украинските власти.

Телата на убиените се на улица бидејќи е премногу опасно да бидат погребани. Кога конечно ќе бидат подигнати, често се ставаат во масовни гробници, кои станаа уште еден симбол на ужасот што се случува во Мариупол.

Дури и еден руски генерал призна дека во градот се случува „страшна хуманитарна катастрофа“, иако не призна дека руските сили се одговорни за тоа.

На почеток