Свет

Ученик уби две жени на училиште со секира и нож

Две жени вработени во средно училиште во шведскиот град Малме се убиени во напад на 18-годишен ученик кој бил вооружен со секира и нож.

Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, јавува BBC.

Полицијата соопшти дека во инцидентот немало пукање, а шведските медиуми јавуваат дека осомничениот употребил секира и нож.

Се додава дека тој самиот повикал полиција и признал дека убил две лица.

Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе, ученици и наставници.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.

На почеток