Свет

Бајден: Русија планира да изврши сајбер напад врз САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има јасен знак дека рускиот претседател Владимир Путин размислува за употреба и на биолошко и на хемиско оружје во Украина.

Тој рече дека Русија можеби планира да изврши сајбер напад врз САД и ги повика извршните директори на американските компании да ги заштитат своите компании од сајбер напади и да инвестираат во сајбер безбедноста, пренесе Ројтерс.

Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и укажуваат на тоа дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден, не наведувајќи докази за своите тврдења.

Тој рече дека Путин е „турнат на ѕид“ и дека сега изнесува лажни обвинувања, вклучително и тврдењето дека „САД имаат биолошко и хемиско оружје во Европа“, што, како што изјави американскиот претседател, „едноставно не е точно. “, пренесува Ројтерс.

„Тие исто така сугерираат дека Киев има биолошко и хемиско оружје во Украина. Ова е јасен знак дека Путин размислува да ги користи и двете“, рече Бајден.

Изјавите ги повторија претходните тврдења на официјални лица во Вашингтон и сојузничките земји, кои ја обвинија Русија дека шири недокажани наводи дека Украина има програма за биолошко оружје, што, според Москва, е можен вовед во потенцијален биолошки или хемиски напад од Киев.

Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина, без да обезбеди докази, дека планира хемиски напад врз сопствениот народ, што би се искористило како изговор да се обвини Москва за употреба на хемиско оружје во нејзината воена операција која започна на 24 февруари.

Претходно овој месец, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со Николај Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност, предупредувајќи го за последиците од „можната руска одлука да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина“, а Белата куќа не прецизираше мерки, според Ројтес.

На почеток