Некатегоризирани

ВМРО-ДПМНЕ лаже, цените на горивата се намалуваат, остро реагира власта

„ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и се обидува да предизвика страв и паника кај граѓаните, не можејќи да се помири со фактот дека антикризните мерките на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати“, вели СДСМ во реакцијата на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Веднаш по стапувањето на сила на пакетот од 26 антикризни мерки, во вредност од над 400 милиони евра, цените на нафтените деривати почнаа да се намалуваат.

Благодарение на намалената акциза и ДДВ за горивата, граѓаните во нашата држава точат гориво по најниски цени, додека цените на нафтените деривати во државите од регионот растат.

Наместо да ја лаже и да ја плаши јавноста ВМРО-ДПМНЕ ако толку е загрижена за економската состојба, да ги повика своите градоначалници да се откажат од парите за партиски вработувања и да почнат да се грижат за граѓаните“.

На почеток