(ВИДЕО) Руски политиколог: Европа, ќе ве нападнеме со нуклеарно оружје
Сергеј Микејев, кој себеси се нарекува руски политиколог, пред два дена одржа бесен говор на државниот пропаганден канал на Путин, Канал 1, во кој тој и се закануваше на Европа со нуклеарно оружје. На социјалните мрежи е објавен клип од неговиот настап, на кој се гледа дека тој бесно им се заканува на европските земји.
„Европа, Европа, има една едноставна работа што треба да и кажеме на Европа. Ќе ве нападнеме со нуклеарно оружје ако соберете некаков мировен контингент со НАТО или одлучите да го преместите на друго место… Тогаш тоа ќе биде нуклеарно војна“, извика Микеев.
When I say that Putin will not stop in Ukraine, I mean exactly that. State Russian TV show in prime time discusses possible nuclear strike on Europe, Russian invasion of Poland and Lithuania and corridor to Kaliningrad, threatens Germany and Baltic states. Act now #StopRussia. pic.twitter.com/yq1CtZP2WS
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) March 22, 2022
„Браво, Полјаци. Од вашата Варшава нема да остане ништо за 30 секунди“.
„Браво, Полјаци, нема да остане ништо од вашата Варшава за 30 секунди. Храбри Германци, храбри Естонци, храбри Балтици. Кога зборуваме за храбрите Балтици, знам дека има сериозни проблеми во Калининград на границата. Можеби хуманитарен коридор до Калининград треба да се воспостави. Зошто да не?“, посочи Микејев.
„Ми се чини дека земјите што ги нарекуваме Литванија и Полска се однесуваат премногу храбро. Прехрабро! И тие не разбираат дека можеме да ги решиме многу побрзо од она што го започнавме во Украина. Бидејќи проблемот со коридорот е прашање на локално воена операција и тоа е многу полесно да се реши од она што го започнавме во Украина“, рече тој.