Утрово активистите на студентското движење „Млади за Македонија” спроведоа герила-акција на влезовите на Скопје.
На неколку надвозници закачени се пароли против уставните измени и против промената на името. Од „Млади за Македонија” велат дека ова е почетокот на, како што тие го нарекуваат црвено-жолтиот отпор.
Велат дека преку ненасилен отпор и креативни акции ќе се борат против промената на името.