Русија изведува воени вежби на источните острови
Русија објави дека спроведува воени вежби на островите за кои е во спор со Јапонија. Четирите острови – кои Русија ги нарекува Јужни Курилски Острови, а Јапонија Северни Територии – беа предмет на повеќе од 70 години спор меѓу двете нации, јавува Би-Би-Си.
Русија пред неколку дена се повлече од мировните преговори како одговор на одлуката на Јапонија да воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина. Поради спорот околу островот, Русија и Јапонија се уште немаат потпишано мировен договор за ставање крај на Втората светска војна.
Претходно оваа недела, Русија објави дека се повлекува од преговорите поради јапонското противење на инвазијата на Украина. Сега рускиот источен воен округ објави дека ќе спроведе воени вежби со повеќе од 3.000 војници и стотици парчиња воена опрема.
Јапонија претходно ја осуди Русија за повлекување од мировните преговори и запирање на заедничките економски проекти на островите.