Свет

Британија: Русија ќе продолжи со гранатирање, не сакаат да загубат уште повеќе луѓе

Министерството за одбрана на Велика Британија објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина. Тие пишуваат дека Русија се уште опсадува голем број големи украински градови, меѓу кои Харков, Чернихив и Мариупол.

„Руските сили не се подготвени да испратат пешадија во градовите, тие претпочитаат да се потпрат на неселективна употреба на воздушно и артилериско бомбардирање во обид да ги деморализираат одбранбените сили. Русија најверојатно ќе продолжи да ги гранатира урбаните области бидејќи сака да ги ограничи своите веќе значителни загуби, по цена на дополнителни цивилни жртви“, се вели во извештајот.

На почеток