Украинска служба за вонредни состојби: Во Харков се оштетени многу згради
Од
Објавено на
Објавен е извештајот на украинската Државна служба за вонредни состојби (СЕС) во Харков, вториот по големина град во земјата.
Во соопштението на СЕС се вели дека нивниот персонал извршил 59 патувања меѓу 25 и 26 март во обид да ги расчисти урнатините и остатоците од зградите уништени во руските напади, како и да ги изгаснат пожарите. Се вели дека гранатирањето уништило или оштетило станбени облакодери, магацини и други приватни згради во голем број населби.
Харков е оддалечен околу 50 километри од руската граница и беше под постојани напади. Од почетокот на инвазијата се убиени или повредени многу цивили.