Свет

Претседателот на Финска: Членството во НАТО ќе ги зголеми тензиите со Русија

Членството во НАТО „трајно ќе ги зголеми тензиите со Русија“ долж границата на Финска со Русија, изјави финскиот претседател Саули Нинисте.

Ниинисте рече дека најголемата придобивка од членството во НАТО ќе биде „превентивниот ефект“, но ќе има и ризик од разни видови руска одмазда, вклучително и хибридни закани, пренесува Си-Ен-Ен.

Претседателот на Финска рече и дека придобивките од членството во НАТО ќе ги надминат негативните последици и дека најважно е да се најдат решенија за зголемување на безбедноста на неговата земја.

„Доволно ниво на безбедност е Финците да почувствуваат дека нема опасност и дека нема да има“, рече тој, додавајќи дека членството во алијансата ќе обезбеди најголема безбедност.

Од руската инвазија на Украина, Финска размислува да се приклучи на воениот сојуз, изјави финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто за Беки Андерсон на Си-Ен-Ен претходно овој месец.

На почеток