Актуелно

„Германија не ја финансира војната на Путин“, вели Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли критиките дека Германија помага да се финансира „војната на Путин“ со увоз на енергија од Русија.

„Русија во моментов не може да направи ништо со парите што ги чува на своите сметки поради нашите санкции“, рече тој, додавајќи дека зависноста на Германија од рускиот увоз на енергија ќе биде елиминирана „прилично брзо“.

„Со јагленот, ако сè оди како што треба, ова може да се случи брзо оваа година“, најави Шолц, додавајќи дека тоа може многу брзо да се случи и со нафтата. Што се однесува до гасот, Шолц објасни дека „сега активираните“ планови стојат во фиока долго време, а техничката инфраструктура се создава со голема брзина за да може да се увезува гас од други добавувачи.

Сега станува збор за прифаќање поскап увоз на енергија за да станеме понезависни од Русија, смета Шолц.

Шолц повторно одби итен бојкот на увозот. Тој предупреди дека „ако тој увоз се прекине за еден ден, тоа би значело дека цели индустриски гранки ќе мора да престанат да работат“.

Шолц го отфрли и украинскиот предлог за едномесечно ембарго.

„Одговорната политика мора да има храброст да ја каже вистината. А вистината е дека ако го сторивме тоа, ќе предизвикавме голема економска криза. Тоа не би било така лесно да се направи ниту во Европа.

На прашањето дали верува дека Путин се уште се однесува рационално, тој рече дека смета дека „сите одлуки се погрешни од руска гледна точка“.

На прашањето дали Путин е воен злосторник, Шолц рече – „Мислам дека е јасно што значи тоа“.

На почеток