ФОТО Британците објавија нова мапа на руски напади, ваква е ситуацијата
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/03/bf8e758d-cb92-4fe7-a988-50fa813048bf.jpeg)
Британското Министерство за одбрана објави нова дневна мапа на воени настани во Украина.
Британците во последните неколку дена воведоа нов додаток во картата, кој треба да ја одбележи спорната област.
Кремљ: Лице в лице разговори со Украина би можеле да се одржат во вторник
Кремљ соопшти дека мировните разговори лице в лице меѓу украинската и руската делегација би можеле да се одржат во вторник во Истанбул.
„Малку е веројатно дека ќе продолжи таму денес“, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе Интерфакс. „Очекуваме дека, теоретски, тоа би можело да се случи утре“, додаде тој.
Шефот на руската делегација, Владимир Медински, рече дека е планиран нов круг состаноци лице в лице да започне во вторник по околу две недели онлајн преговори. Украинската страна првично зборуваше за почеток на преговорите уште во понеделник.
Подоцна, весникот „Украинска правда“, повикувајќи се на свои извори, објави дека делегациите ќе отпатуваат за Истанбул во понеделник, но дека разговорите нема да започнат до вторник.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)