Актуелно

Нови детали за пописот

Според објавените резултати за пописот 2021, можат да се издвојат и следниве детали:

Од вкупното резидентно население, според религиска припадност бројот на Православни е 46,14%, Муслимани 32,17%, Католици 0,37%. Од останатите, можат да се издвојат 1313 попишани лица како Протестанти, 1137 Јеховини сведоци, 355 атеисти, 1964 Агностици, 894 Будисти.

Во однос на мајчиниот јазик, 61,38% зборуваат македонски јазик, 24,34% албански, 3,41% турски, 1,73% ромски, 0,17% влашки, 0,61% српски, 0,85% босански.

Според бројот на членови на домаќинството и број на лица кои живеат во колективни домаќинства, најмногу има домаќинства од 2 члена: 160715, потоа следуваат домаќинства од 4 члена: 117084, домаќинства од 3 члена: 115732, додека домаќинства од 1 член има 103237.

На почеток