Пристигна првата реакција на Кремљ за напад на складиште за гориво во Русија
Од
Објавено на
Од Кремљ пристигна првата реакција на утринава напад на складиште за гориво во рускиот град Белгород, недалеку од границата со Украина. Руската страна, да потсетиме, тврди дека нападот го извршиле два украински борбени хеликоптери.
Според Ројтерс, Кремљ денеска соопшти дека „нападот на складиштето за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори“.
Портпаролот на Владимир Путин изјави дека рускиот претседател бил информиран за инцидентот и дека Русија прави се што е можно за да го реорганизира синџирот на снабдување и да избегне нарушување на снабдувањето со гориво во градот, објави Ројтерс.