Актуелно

Николовски пак ќе моли за пченица во Србија, вели Трипуновски

Љупчо Николовски со распределбата на земјоделското земјиште до каде сме, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На „најспособниов” путер министер не му се доволни речиси три недели да го објави слободното земјиште за да ги произведеме најзначајните земјоделски култури за прехрана на нацијата и сточниот фонд.

Љупче, уживајќи во кабинетот на државен трошок ќе поминат сите рокови за сеидба и после ќе биде како онаа народната „после свадба тапани“ , а тебе ќе те гледаме како коленичиш и молиш за грст пченка и пченица во соседна Србија.

Ваква несериозност, лажење, манипулирање и играње со опстанокот на државата скапо ќе ве чини“, додава Трипуновски

На почеток