Македонија

По црната листа на Стејт департментот оставки треба да дадат Николовски и Мицкоски, смета власта

„Стејт департментот на црна листа го стави осудениот криминалец во бегство и ментор на Мицкоски и Николовски, криминалецот во бегство, Никола Груевски“, вели СДСМ.

Оттаму додаваат:

„По сите признанија, по сите судски пресуди, оставка треба да си даде Христијан Мицкоски и никогаш повеќе да не се бави со политика.

Мицкоски беше близок соработник на Груевски во време на режимот, а многу поранешни соработници на некогаш на Груевски а сега на Мицкоски се осудени за сторени криминали, а дел од нив и самите пред судовите признаа какви кривични дела биле правени.

И самиот Александар Николовски е дел од некогашниот режим, а денес докажан извор на лажни вести и тој како и Мицкоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието“.

На почеток