Македонија

Стејт Департментот нотира корупција во владините редови, напади на новинари, полициска бруталност, вели ВМРО-ДПМНЕ

Стејт Департментот нотира корупција во владините редови, напади на новинари, полициска бруталност – Власта на СДСМ носи само порази.

Владините функционери се подлежни на корупција. Такви примери имаме безброј. Доволно е само да ги погледнеме случаите на Рашковски и Зекири и да видиме како работела цела влада.

СДСМ и ДУИ крадат на сите ешалони, од полициски началник на граница, како примерот со Шкрета, до генерален секретар на влада.

Новинарите не се слободни да си ја извршуваат својата работа, тие се напаѓани, но и често мета на прогон на владините функционери.

Полициската бруталност е само продолжение како работи Спасовски, криминалците се на слобода, а се удира по обичен народ.

Вистинската слика за владата на СДСМ и ДУИ е многу криминал, и тоа е отсликано и во Извештајот на Стејт Департмент.

На почеток