Актуелно

Нов гаф: Бајден се поздравува со воздух

Американскиот претседател Џо Бајден повторно направи гаф, овој пат изгледаше како да не знае што прави.

Имено, како што се гледа на видеото, тој не се ракува со никого, бидејќи никој друг не стои до него на сцената. Погледна наоколу со збунет израз на лицето пред да почне да шета низ аудиториумот.

На тоа бурно реагираше американската конгресменка Марџори Тејлор-Грин.

“Нашиот претседател се обиде да се ракува буквално со никого. Тоа е неверојатно срамно! Тој ја води нашата земја. Доста е!”, напиша републиканската конгресменка на Твитер.

Бајден го направи гафот по говорот на Земјоделската академија во Северна Каролина.

На почеток