„Нашиве политичари се глупи или какви се шо ги нема да се јават со реакција на сите бугарски провокации од Битола?“, лавина реакции по отворањето на бугарски културен центар


Бугарскиот премиер Кирил Петков и потпретседателката на државата Илијана Јотова утре ја посети Битола и учествуваа на отворањето на културен центар кој го носи името на Иван – Ванчо Михајлов. Делегацијата најпрво го посети Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, а потоа ќе присуствуваат на свеченото отворање на клубот на Центарот за култура „Иван Михајлов“, кое треба да го отвори премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
На ова имаше реакции од јавноста во Македонија:
Ова денес што се случува во Битола, ми личи на класична провокација.
— Трпе (@helthy_eski) April 16, 2022
Отварање на бугарски центар Ванчо Михајлов во Битола со боите на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова да го смислувавме немаше вака да излезе :))) pic.twitter.com/H2llg24k4u— Pockov 🌖 (@GPockov) April 16, 2022
Петков стигна во Битола, ќе промовираат бугарски проекти.
— Џорџ Орвел (@bakraci) April 16, 2022
Со црвено-црни балони денес се славеше фашистот Ванчо Михајлов, бугарска оргија на сред Битола овозможена од СДС на нашата земја и останатите северни смрдежи. pic.twitter.com/ZwnlXsWHVO
— effo (@Effo_Antivirus) April 16, 2022
целта на бугарскиот клуб во битола е нашиве патриотишта да го искршат преку ноќ за после бугарот да може да вика ете гледате зошто вето им ставаме. и гарантирано ќе го искршат пошто толку е капацитетот, иако некоја креативна ненасилна герила би испратила многу посилна порака
— Ivo Bosilkov (@ivobosilkov) April 16, 2022
Битола била во склоп на Сан Стефанска Блгарија, ние сне баща
— NAPHEXSCHRINK@AlbertoBalsalm (@NAPHEXSCHRINK1) April 16, 2022
Штом Битола има аеродром и Бугари, сигурно иѓа и полигон за полагање возачки
— Главниот на Комитите (@RedRadish5) April 16, 2022
Добро, нашиве политичари се глупи или какви се шо ги нема да се јават со реакција на сите бугарски провокации од Битола?
— Контраш (@Nepismen300) April 16, 2022
Во Битола отворен “културен центар” со име на Штипјанец кој од бугарската држава е осуден на 9 доживотни робии и 3 смртни казни. Балкан на најјако.
— Stanislav Zaharieski (@SZaharieski) April 16, 2022
А Таче зошто не бил денес во Битола.
Уште ли го боли стомах.
Брејјј што му направија воа русиве со отровот.— Панчо_Паликура (@SancoPansa5) April 16, 2022
Ова денес во Битола беше невиден срам и за Бугарија, а посебно за Македонија. Отворено да се слави колаборатор на нацисти не може да биде никаков „мост“. На тоа плус ни доаѓаат дома и ни викаат каков треба да ни е Уставот и се курчат со ветото. Невидено понижување.
— Roger Mexico (@FlavrSavr) April 16, 2022
Откако ќе ги рециклираме книгите во тоалетна хартија, канцеларијата ќе ја искречиме и ќе ја направиме меморијален центар на депортираните евреи од Битола, а Каракачанов лично на еврејски ќе им ги пишува имињата и презимињата на сите до еден.
— револт (@LegitMacedonia) April 16, 2022
Абе вмро живи се,некој прес за настанот во Битола,нешто…
— Бегај да бегам (@OneMorph) April 16, 2022
