Бајден нема план да го посети Киев
Од
Објавено на
Нема планови американскиот претседател Џозеф Бајден да го посети украинскиот главен град Киев.
Тоа го повтори прес-секретарот на Белата куќа Џен Псаки на брифингот, пренесе Ројтерс.
Зеленски во вчерашното интервју за Си-Ен-Ен рече дека Бајден треба да ја посети Украина.
„Мислам дека Бајден, како претседател на САД, треба да дојде овде и да види сè со свои очи“, рече Зеленски.