Актуелно

Русите испратија авион по протераните дипломати

Руски авион испратен од Москва да ги земе протераните руски дипломати од Шпанија и Грција бил принуден да лета по обиколна рута, долга 15.000 километри поради забраната за летови кон ЕУ, покажуваат податоците објавени од „ФлајтРадар“.

„ Додека Шпанија и Грција по исклучок дозволија авиони да влезат во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета низ други земји кои воведоа забрана за руски летови“, се вели на страницата за следење летови.

Вкупната должина на летовите беше 15.163 километри, нешто пократко од моментално најдолгиот лет во светот меѓу Сингапур и Њујорк.

To Top