На голема радост на најмладите на неколку часа пред дочекот на Новата Година, Дедо Мраз пристигна во Винтерленд. Тој ги поздрави дечињата и ги разубави празничните моменти на присутните.
Новата Година на сите деца во Скопје им ја честиташе и градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
– Ви посакувам многу здравје, среќа, радост и уште многу весели детски игри во новата 2019 година. Насмевките на вашите лица нека ја обележат годината што следи, да чекориме заедно кон уште поуспешна иднина – им посака Шилегов на најмладите