Магазин

И синот на Кочо Анѓушев тера нов бизнис, отвора бренд среде Скопје

Огнен Анѓушев, синот на бизнисменот и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервјуто за Машки магазин откри дека лансира свој моден бренд.

Брендот кој е наречен „ZERO“ ќе нуди гардероба за жени, а неговата продавница ќе биде сместена во центарот на Скопје и своето отварање ќе го доживее на почетокот на наредниот месец.

Младиот Анѓушев ја потврди веста за влез во модниот пазар, а како што објасни, тој уште од мал имал пасија кон модата. Огнен во даденото интервју истакна дека и поради својата детска пасија завршил моден дизајн на престижниот италијански факултет „Институто Марангони“.

На почеток