Актуелно

Нетфликс изгуби четвртина од својата вредност откако ја напушти Русија

Акциите на Нетфликс изгубија четвртина од вредноста откако компанијата откри дека нејзините претплатници се намалиле во првиот квартал од оваа година поради напуштањето на Русија. Ова е прв пат во последните десет години водечкиот стриминг телевизиски сервис да изгуби претплатници, наведувајќи ја суспензијата на своите услуги во Русија поради инвазијата на Москва на Украина.

Нетфликс го заврши првиот квартал од оваа година со 221,6 милиони претплатници, нешто помалку од последниот квартал од минатата година. Технолошката компанија објави нето приход од 1,6 милијарди долари во неодамна завршениот квартал, што е за 100 милиони долари повеќе од истиот период претходната година.

Акциите на Нетфликс паднаа за повеќе од 25 отсто, на 258,39 долари, по објавувањето на финансиските показатели за првиот квартал. „Нашите приходи не растат толку брзо колку што би сакале“, вели Нетфликс во деловен извештај.

На почеток