МААЕ: Воспоставивме директна комуникација со Чернобил
Директната комуникација меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и нуклеарната централа во Чернобил е обновена доцна вчера, се вели во соопштението на генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси.
Руските сили го држеа Чернобил под опсада пет недели пред да се повлечат на 31 март. МААЕ изгуби контакт со нуклеарната централа на 10 март.
„Ова очигледно не беше одржлива ситуација и многу е добра вест што регулаторот сега може директно да контактира со електраната кога е потребно“, рече Гроси во изјавата.
Во соопштението се додава дека „експертска мисија на МААЕ“ планира да го посети Чернобил овој месец за „да ја тестира нуклеарната безбедност, да спроведе радиолошки проценки, да испорача витална опрема и да го поправи далечинскиот заштитен систем на Агенцијата“.