Свет

Русите им дадоа нов ултиматум на бранителите на Мариупол

Руското Министерството за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пишува Ројтерс, а пренесува Би-би-си.

„Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана. Ниту еден украински војник не ја прифати истата понуда во вторникот, се вели во соопштението на Министерството.

Градскиот совет на Мариупол рече дека и покрај бројот на руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат Мариупол, па затоа „сакаат да ја срушат“ фабриката за челик. Понатаму, се наведува дека Русија не ја одвратило тоа што во комплексот се кријат и цивили.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека ситуацијата останува тешка и непроменета, а судбината на десетици илјади цивили останува непозната.

На почеток