Свет

Украинска армија: Русија бара слаби точки во нашата одбрана, одбивме 10 напади

лавниот фокус на Русија останува на Мариупол, каде нејзините војници продолжуваат да ја напаѓаат фабриката за челик Азовстал, во која се сместени украински војници и цивили, се вели во новиот разузнавачки извештај на украинската армија.

Војската, исто така, вели дека руските сили продолжуваат со нивната голема инвазија на источна Украина за да воспостават целосна контрола врз регионите Доњецк и Луганск.

„Русија продолжува да ги бомбардира цивилните и воените структури во земјата. Во Доњецк и Таврија, руските трупи продолжуваат со гранатирање по линијата на фронтот, обидувајќи се да најдат слаби точки во одбраната на Украина“, напиша тој.

Руските војници се обидуваат да започнат воена операција во украинското село Попасна во Луганск, во источна Украина. По обидите на руските сили да ги нападнат локациите Рубижне и Северодонецк, околу 130 ранети војници се префрлени во локална болница.

Украинската армија тврди дека одбила 10 напади на руските сили во Доњецк и Луганск во последните 24 часа.

„Уништени се 12 тенкови, 28 оклопни возила и еден артилериски систем, а украинските воздухопловни сили погодија девет цели – еден авион, еден хеликоптер, шест беспилотни летала и една крстосувачка ракета“, се вели во извештајот.

На почеток