Основачите на клубот Ванчо Михајлов имаат куп фотографии со високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со денови глуми некаква загриженост за клубот Ванчо Михајлов и националните интереси и се однесува како да не знае што сѐ се случува, вели СДСМ
„Основачите на овој клуб имаат куп фотографии со високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од нив дури носи и брендирана маичка Антонио Милошоски. Токму Милошоски е оној кој македонскиот великан Блаже Конески го навредуваше и го нарекуваше џуџето од Небрегово.
Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се поддржувачите на делото на Ванчо Михајлов.
За време на 11 годишниот режим, ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира историјата, за да го девалвира значењето на антифашистичката борба и да направи културен инжинеринг на општеството.
ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за заштита на националните и државните интереси“; се вели во соопштението.