Актуелно

(ФОТО) Се шири пожарот во струшко, кој се гледа и од соседните општини

Пожарот над Струга, близу Елен Камен и натаму се шири. Пламените јазици се над патот за Радожда, а се гледаат и од Дебрца. Силниот ветер дополнително ја усложнува ситуацијата на терен, бидејќи наместо да се спречи, пожарот проголтува се поголема шума. Жителите на Струга кој живеат во овој дел, веќе се жалат од чадот и миризбата.

Според првичните информации, нема опасност пожарот да зафати викендици и куќи кои се во близина. Теренот е тешко пристапен, а гаснењето навечер е речиси и невозможно, бидејќи Македонија нема ваков тип летала кои можат да реагираат ноќно време.

Акцијата за гаснење ќе продолжи сабајле, кога веројатно пожарот ќе се гасне од воздух.

На почеток