Зеленски навести дека нема да се откаже
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги коментираше изјавите на рускиот командант, кој рече дека Москва сака да ја преземе контролата врз јужна Украина бидејќи тоа ќе овозможи пристап до сепаратистичкиот регион Придњестровје во Молдавија.
Зеленски рече дека ова покажува дека Русија сака инвазија на други земји и дека нападот врз Украина ќе биде само почеток.
– Па, ова само го потврдува она што многупати го кажав: руската инвазија на Украина беше замислена само како почеток, потоа сакаат да окупираат други земји – рече Зеленски во своето ноќно обраќање.
– Се разбира, ќе се браниме колку што е потребно за да ја разбиеме оваа амбиција на Руската Федерација. Но, сите народи кои како нас веруваат во победата на животот над смртта мора да се борат со нас. Мора да ни помогнат, бидејќи ние сме први на овој пат. И кој е следен? Ако некој кој може да стане следниот сака да остане неутрален денес за да не изгуби ништо, тоа е најризичниот облог. Затоа што ќе изгубите сè “, рече тој.