Германија призна дека направила сериозна грешка во односот кон Украина
Германскиот вицеканцелар вели дека е грешка што неговата земја воено не ја поддржала Украина многу порано. Во интервју за германскиот јавен сервис Роберт Хабек вели дека поддршката требало да започне пред многу години.
„Ние секако требаше воено да ја поддржиме Украина многу порано, и не зборувам само за денови или недели, туку години“, вели тој.
Претходната администрација на Ангела Меркел беше критикувана за нејзините врски со Русија, особено за зависноста од руската енергија.
Хабек вели дека Германија сега помага во снабдувањето на Украина со тешко оружје, откако владата вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана за да ја исполни целта на НАТО од 2 отсто од БДП. Суспендиран е и гасоводот Северен тек 2 од Русија.