Секоја година, на први јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го собираат отпадот, го чистат и го метат градскиот плоштад.
„И денеска, нашите вработени новогодишната ноќ и првото јануарско утро го дочекаа работно и за време на ноќната и утринската смена собраа и транспортираа речиси 40 кубни метри најразличен отпад од новогодишната населба „Winterland“, градскиот плоштад, улицата Македонија и Старата чаршија“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.