Училиштата затворени, градинките отворени – решение нема, одлука донесена
Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.
„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре се’ до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Неделков.
Како што додаде, градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, децата и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата.
Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест во среда на 4 мај.
Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.