Македонија

Кои се тие бугарски барања за кои и Петков знае дека доколку Ковачевски ги прифати наеднаш ќе падне владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, но за да не падне владата Петков истите ги предлага како дел од рамката за влез во ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ковачевски прифаќа бугаризација на Македонија, ако дозволи бугарските барања за негација на јазикот и нацијата да бидат дел од рамката за влез во ЕУ.

Кирил Петков во изјава од Бугарија кажа дека против бугарските интереси би било доколку Бугарија инсистира на исполнување на сите нејзини барања пред отпочнување на преговорите со ЕУ, односни дека тоа ќе значи пад на владата на Ковачевски, и дека сите тие бугарски барања треба да бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Особено сега кога има влада како таа на Ковачевски која е спремна истите тие барања да ги реализира.

Оттука се поставува прашањето, кои се тие бугарски барања за кои и Петков знае дека доколку Ковачевски ги прифати наеднаш ќе падне владата?

Дали тие барања задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја?

Дали тоа што прифаќа бугарски максималистички барања Ковачевски не сака да побара писмени гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја?

Ковачевски наместо да бега од одговори, да каже што е тоа што е тој спремен да го прифати, а би можело да ја сруши владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

На почеток