Македонија

И Турција не ја прифаќа Арифи за амбасадор

Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, изгледа дека нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одбила таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.

Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени, се вели во Текстот.

 

На почеток