Актуелно

Во Скопје променливо облачно со пороен дожд

Денеска се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни. Од среда дневната температура ќе биде во пораст.

На почеток