Македонија

Енергетската неспособност на СДСМ ги чини граѓаните 30% поскапа струја, и стотина милиони од буџетот, реагира опозицијата

„Енергетската неспособност на СДСМ ги чини граѓаните 30% поскапа струја, и стотина милиони од буџетот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„СДСМ го остави РЕК Битола без јаглен пред почеток на грејна сезона, и како резултат на тоа месечно се трошеа и над 50 милиони евра за увоз на скапа струја.

СДСМ не функционално работи и со хидроакумулациите, кои ги испразни додека струјата беше евтина во ек на пролет и лето, за да бидат на минимум во текот на грејната сезона.

СДСМ нема направено еден стратешки проект во енергетиката.

Со СДСМ енергетскиот сектор колабира, а граѓаните плаќаат се поскапа струја“.

На почеток