Свет

Кина го обвини НАТО: „Намерно започнува војни“

Постојаниот претставник на Кина во ОН, Џанг Џун, го обвини НАТО дека започнува војни против суверени држави, што носи огромни загуби.

„Спротивно на декларираната одбранбена суштина, НАТО намерно започнува војни против суверени држави, предизвикувајќи огромни загуби меѓу населението и хуманитарни катастрофи“, рече Џанг Џун на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Тој додаде дека проширувањето на НАТО на исток по Студената војна не само што не успеа да ја обезбеди Европа, туку и „го посеа семето на конфликтот“.

Кинескиот дипломат смета и дека испораките на оружје за Украина нема да донесат мир.

„Знаците за одложување и ширење на конфликтот се причина за загриженост. Треба да се напомене дека испораката на оружје нема да донесе мир, дека не може да има победник во конфликтот“, нагласи тој.

Според него, „дијалогот и преговорите се единствениот и неизбежен начин да се стави крај на несогласувањата“.

На почеток